Скандал: Српски владика и стриптизер во љубовна афера

Скандал ја тресе Србија откако беше објавена снимка од разговоотр меѓу развратниот српски владика Василија Качавенда и стриптизерот Дејан Несторовиќ. На снимката може да чуе како владиката му ветува на соговорникот дека ќе му остави наследство вредно милиони.

Меѓутоа владиката Качавенда решил јавно да ја раскаже неговата страна од приказната.

Според него, тој бил жртва на Нестеровиќ кој го уценувал и рекетирал.

– Јас немам пари ниту сум богат. Немам сметки во странство туку само една за пензијата што ја примам. Се што имам е врзано за Црквата и црквената библиотека и тоа ќе остане на Црквата на која и служам 76 години, вели Качавенда кој додава:

– Во врска со веста морам да напоменам дека ние во црквата ги примаме сите луѓе, дури и оние психички лабилни, а сѐ со цел да им помогнеме. Ќе бидам јасен. Прогонуван сум на разни начини од страна на споменатиот и примам разни пораки со различна содржина. Причината е што сака да оствари финансиска добивка. За да се ослободам од него на шала му реков дека ќе го спомнам во тестаментот, вели тој.

Стриптизерот подоцна го возврати ударот. Тој вели дека владиката е заљубен во него и дека го напаѓа затоа што љубовта не му е возвратена.

– Качавенда е смртно заљубен во мене. Во мене ја нашол љубовта на својот живот, како што сам ми зборуваше. Затоа ми даваше и ми помагаше со години. Дури и ме нарекуваа негов љубовник и дечко. Мене сето тоа ме болеше, но како егзибиционист одев до крај со експериментот. Јас во него гледав духовен дедо на кој можам да се наслонам, се додека не излегоа нашите фотографии во јавност. Качавенда сакаше да спие со мене, но тоа задоволство никогаш не го доби. Нашето пријателство датира повеќе од 20 години. Христијанската љубов е единствената вистина која не уценува и не рекетира. Ако тој зборуваше: Дали ќе ти значи нешто ако ти кажам дека те сакам и дека ќе те ставам во тестаментот кога ќе го продадам станот на тетка ми во Белград?, тогаш тоа не е изнуда туку ветување. Е сега, нека го исполни своето ветување наместо да ме пријавува, вели Несторовиќ.