Македонија

СКАНДАЛ: Уште милионски суми на пари за медиумите на СДСМ и СОРОС

СКАНДАЛ: Уште милионски суми на пари за медиумите на СДСМ и СОРОС

Покрај вртоглавите милионски суми на пари кои секоја година се влеваат од буџетите на медиумите блиски до СДСМ, УСАИД објави нов повик за верувале или не дополнителни 3 милиони долари. Тој трае до месец мај и ќе преставува значителна финансиска инекција за медиумите на СДСМ, пишува „Курир“.

Порталот пишува дека Агенцијата за меѓународен развој УСАИД, која е еден од донаторите на Фондацијата отворено општество на Џорџ Сорос објави повици за грантови кои се однесуваат на Македонија.

usaid

Во услови кога самата СДСМ ја проблематизира и скандализира распределбата на државни пари за медиумите за реклами и кампањи, тие ништо немаат против милионите на СОРОС и УСАИД, нагласува „Курир“.

mediumiНајчесто овие две организации делат заеднички проекти и распределуваат пари. Многу веројатно овие пари ќе завршат кај едни исти медиуми блисли до СДСМ кои предничат во штанцањето на текстови, напади против Владата, неаргументирано критикување и водење на валкана кампања.

lgbt

УСАИД  во моментов има три активни грантови за кои се наменети за три целни групи: медиуми, мигранти и ЛГБТ заедницата во Македонија. Со првиот проект УСАИД бара апликации за финансирање на програмата под наслов „ Медиумите во Македонија производство на медиумска содржина, стои во огласот за грант.

Огласот е објавен на 15 март 2016 година, а заинтересираните можат да аплицираат до 16 мај 2016 година. Предвидено е да бидат финансирани три проекти, секој во вредност од 1 милион долари, односно УСАИД одвојува вкупно 3 милиони долари за овој проект.

migrantiu

Дополнително, УСАИД доделуваат грант од 300 илјади долари за ЛГБТ заедницата и 375 илјади долари за заштита на правата на мигрантите. Само овие три повици вредат повеќе од над 3 милиони 600 илјади долари кои ќе завршат во рацете на СДСМ и нивните медиуми и организации.