Скандал во БиХ: Децата на водачите обвинети за воени злосторства заедно во Влада

Формирањето на власта во Босна и Херцеговина по октомвриските избори сеуште не е конечно, но главно е јасно кои се политичките партии кои ќе бидат на власт.

Власта ќе биде формирана од повеќе од девет политички партии, а оваа бројка е уште поголема во кантоните. Меѓутоа, интересно е тоа што заедничката власт во БиХ ќе ја формираат партии чии водачи или директни функционери се потомците на предвозените и воените злосторнички лидери, пишува Крајина.ба, а пренесува НетПрес.

veki-1421314108-607939 (1)

Во власта заедно ќе бидат Партијата на демократкста акција (СДА), на чие чело е актуелниот заменик претседател Бакир Изетбеговиќ, син на Алија Изетбеговиќ, првиот претседател на Претедателството БиХ. По него, заедно со СДА во власта ќе биде и Српската демократска партија (СДС) чиј висок функционер е Соња Караџиќ, ќерка на Радован Караџиќ, предвоениот петседател на СДС и осуден воен злосторник.

radovan-karadzic-i-sonja-karadzic-foto-reuters-foto-ap-1421313889-607937

Бидејќи е договорена парламентарната власт во Унско-санскиот кантон, во владеачката коалиција на СДА и СДС влегува и Лабуристичката партија, која ја предводи Елвира Абдиќ- Јеленовиќ, ќерка на Фикрет Абдич, предвоени член на Претседателството БиХ и осуден воен злосторник.

Судбоносното „Да“ кое ќерката на Абдиќ му го кажа на партијата која ја води Бакир Изетбеговиќ при формирањето на парламентарното мнозинство, како и Бакировото „Да“ на предлогот на СДС, со која се формира власта на државно ниво, многумина ќе ги врати во 90-те години на минатиот век.

veki-1421314019-607938

Иако сојузниците од 90-те години доведоа до војна во која нивните татковци биле на различни страни, во последниов период СДА и СДС создавале постизборни коалиции и имале заеднички интереси, кои цврсто и жестоко ги бранеле.

Но, ова е прв пат СДА во власта со себе да ја повлече и пратијата која ја води ќерката на Абдиќ.

Интересно е што Изетбеговиќ на коалиција се одлуќи со ќерката на Абдиќ баш во оној момент кога таа формира своја партија.