Скандал во Црна Гора: Хирург на операција без ракавици

Скандал ја тресе Црна Гора откако беше фотографија на која се гледа медицинска екипа, меѓу кои и хирург на операција кој не носи медицински ракавици.

Хирургот Александар Филиповиќ, вработен во Клиничкиот центар во Црна Гора на својот профил на Фејсбук, објави фотографија на која се гледа пациент во операциона сала и пет членови на медицинскиот тим.

Меѓутоа на фотографијата се гледа дека самиот хирург на операција е без стерилизирани ракавици, поради што следеле коментари на фотографијата. Овој чин на докторите предизвика бурни реакции.

Имено, Кодексот за медицинска етика претпочита дека лекарот треба совесно да ги ивршува своите надлежности, како и дека работата треба да ја врши стручно и етички беспрекорно.

Фотографијата на која се гледа како овој хирург на операција е без медицински ракавици е токму спротивното на она што го наложува Кодексот за медицинска етика.

Отворена прва државна кардиохирургија во Македонија

Кон крајот на минатиот месец, во рамки на Скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“ беше пуштена во употреба првата државна кардиохирургија.

Ова беше сон на многу генерации во македонското здравство и македонскиот здравствен систем, изјави министерот Тодоров и упати благодарност до сите кои, како што рече, макотрпно работеа во изминатиот период за реализација на овој проект.

Пред се би сакал да им се заблагодарам на докторите од Дедиње со чија помош успеавме да ја изградиме оваа кардиохирургија, но и на сите доктори коишто помогнаа во целиот овој период, односно кардиохирурзите од Италија и Швајцарија, но и од „Ребро“ од Загреб каде што се врши субспецијализација на двајца македонски специјалисти хирурзи, која треба да заврши за една и пол година, рече Тодоров.

Објектот на државна кардиохирургија е во склоп на Клиниката за кардиологија, проектиран со намена за хируршки блок и со вкупна површина од околу 750 метри квадратни. Содржи две операциски сали, интензивна нега со шест кревети, две болнички соби со шест кревети, приемна амбуланта, чекална и пропратни простории.

За изградбата на објектот од околу 750 метри квадратни се потрошени околу 36 милиони денари за градежниот дел и над 100 милиони денари за опремата која што е набавена.

Вкупната инвестиција изнесува околу 140 милиони денари.

Државната кардиохирургија ќе биде подготвена да одговори на сите предизвици во оваа сфера во која го имаме најголемиот морбидитет и морталитет, односно кардиоваскуларните заболувања во РМ. Над 50 проценти од морталитетот отпаѓа на овие заболувања, како и во најголем дел од европските земји, рече министерот за здравство.

Опремата опфаќа операциски столови, апарати за анестезија, машини за дишење, ЕКФ апарати, апарати за торакална дренажа, апарати за мерење на коагулација на крв во тек на отворена операција на срце, перфузори, инфузиомати, машина за вонтелесно прочистување крв, надворешни пејсмејкери, централна мониторинг станица (во вредност од 5 милиони денари), дигитален мобилен рентген апарат (во вредност од 9.597.884 денари) и друга опрема.

Тодоров најави дека за две до три недели ќе почнат да се вршат интервенции во државната кардиохирургија имајќи предвид дека по денешниот настан треба да се изврши детална стерилизација.

Првата кардиохируршка интервенција беше успешно извршена на 19 март минатата година во операциската сала на Клиниката за детска хирургија од страна на докторите кардиохирурзи од Италија Роберто Чини и Антонино Маруло. До сега успешно се извршени 71 интервенција, додека од почетокот на 2015 година, на Клиниката се извршени вкупно 219 прегледи. Тодоров очекува бројот на интервенции годишно да изнесува над 500.

otvorena-prvata-drzhavna-kardiohirurgija-copy-640x396 (1)Генерално со кадар сме екипирани, овде има 50 вработени. Кардиохируршкиот тим е составен од наши кардиохирурзи, но и од кардиохирурзи од Дедиње од почетокот на месец јули ќе бидат и кардиохирурзи од Швајцарија. Тој период на работа со кардиохирурзи од странство ќе продолжи се додека не се заврши  формалната едукација на нашите кардиохирурзи коишто се на специјализација во Загреб на „Ребро“, рече Тодоров.

Потенцира дека во овој момент во оваа кардиохирургија комплетно целиот тим е подготвен да врши трансплантација на срце. Идејата е, според Тодоров, покрај кардиохируршките интервенции кои би се изведувале три до четири дневно, да се извршуваат и васкуларни интервенции.

Заради тоа направивме и дополна во дејноста да биде за кардиоваскуларни болести, рече министерот за здравство.

 

ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија е основана со Одлука на Владата на Република Македонија на 22 јануари 2014 година. По неуспешните обиди во изминатите 40 години, првпат во РМ е основана професионална и модерна клиника за државна кардиохирургија, што претставува витален проект за македонскиот здравствен систем.

 

 

За српски хирург кој земал мито од 500 евра за да оперира преку ред повеќе прочитајте овде.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.