Македонија

Скандал во Градска болница : Доктор поврзал ректумот со генитален орган кај пациентка

Скандал во Градска болница : Доктор поврзал ректумот со генитален орган кај пациентка

Хирург од Градската болница во Скопје направил ужасна грешка откако на една 39-годишна пациентка од Скопје и го поврзал ректумот со гениталниот орган, пишува Журнал.мк

 Скандалот се случил во текот на 2014 година, а е презентиран од страна на проф. Др. Милчо Пановски за еден национален медицински институт во САД. Откако лекарот констатирал малиген тумор во ректумот, се одлучил на хируршка интервенција, која за жал завршува на штета на пациентката од Скопје.

Два дена после хирушката интервенција, пациентката се пожалила дека нешто чудно и се случува, но хирургот ја убедил дека тоа е нормална реакција, после една таква интервенција. Пациентката била пуштена на домашно лекување и после три месеци побарала помош од лекар онколог, кој ја упатил на второ мислење во Универзитетската Клиника за Абдоминална хирургија.

После снимањата, лекарите забележиле дека ректумот е поврзан со гениталниот орган на жената, додека анусот е целосно затворен.

Името на хирургот е познат за редакцијата на новинската Агенција Журнал.