четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Скандал во Кан: Публиката прекина проекција на филм

До тоа дошло поради извици на негодување од публиката, бидејќи американската компанија „Нетфликс“ одбила да го прикажува филмот во француските кина.

kan-1

Последни вести

Премиерната проекција на филмот „Окја“ на Канскиот филмски фестивал била прекината пет минути откако почнала.

До тоа дошло поради извици на негодување од публиката, бидејќи американската компанија „Нетфликс“ одбила да го прикажува филмот во француските кина.

Без објаснување, набрзо откако е прекината проекцијата, филмот е пуштен од почеток, пренесува Ројтерс.

Публиката го исвиркала логото на „Нетфликс“ кога тоа се појавило на големото платно, но потоа се стишила.

Филмот „Окја“ во кој главните улоги ги толкуваат Тилда Свинтон и Џејк Гиленхал е еден од најконтроверзните остварувања на овогодинешниот фестивал поради одлуката на „Нетфликс“, посочува Ројтерс.

Најчитани вести