Скандал во Лондон: Вицепремиерот му се спротивстави на Камерон поради имигрантите

Британскиот вицепремиер Ник Клег вети дека ќе го блокира секој нов обид на британската Влада да ја ограничи имиграцијата од Европската унија, објави „Хафингтон пост“. Вицепремиерот ги отфрли предлозите на Министерството за внатрешни работи на Велика Британија за воведување на ограничувањата, според кои годишно во земјата ќе биде обезбеден престој само за 75.000 имигранти од ЕУ. Ваквите ограничувања вицепремиерот ги нарекол бесмислени, додавајќи дека без слободното движење Националната здравствена служба ќе пропадне.

Изјавата на Клег доаѓа само неколку дена по предупредувањето на премиерот Дејвид Камерон, дека ќе стави вето на проширувањето на ЕУ, ако не бидат воведени реформи во граничната контрола, што ќе го спречат „туризмот за социјална помош“.