Скандал во Штип: Украдени средствата од хуманитарниот концерт за лекување на Иван Стојанов

На Домот на млади од Штип викендов му биле украдени парите од хуманитарниот концерт кој бил организиран со невладината „Цивитас“ за лекување на штипјанецот Иван Стојанов во Кина.

Директорката на Домот Вишна Шорова-Ангелова информираше дека коннцертот го организирале во саботата, имале голем број продадени влезници и претпоставуваат дека се украдени  околу 30 000 денари.

– Иако нашата цел беше хумана, иако работевме за доброто на нашиот сограѓанин, сепак, настанот го заокружи една негативна случка, во која беше украдена извесна сума пари, рече Шорова-Ангелова.

Ваквиот чин го осудија и од здружението „Цивитас“ додавајки дека собраните пари требале да легнат на сметката на штипјанецот Иван Стојанов. Парите му се потребни за итна операција во Кина за тој  повторно да може да оди.

ФОТО: Ирис.мк