Македонија

СКАНДАЛ: За Заев мултиетичноста е критериум за преговорите за името

СКАНДАЛ: За Заев мултиетичноста е критериум за преговорите за името

Нашите црвени линии се да не дозволиме да ни ги допрат нашите особености како нација, држава, заедно со нашата посебност во однос на културата, мултиетничките разлики. Тоа е наше и никој неможе да ни го одземе. Она што ќе биде запишано во ОН е друго, но тоа се нашите одлики како држава, како народ кои неможат да се сменат. Но доколку зборуваме заедно со нашиот јужен сосед, со Грција, како соседи, јас сум сигурен дека ќе најдеме решение. Убеден сум во тоа.

Ова во интервју за косовската телевизија РТК1 го нагласува лидерот на СДСМ, Зоран Заев како одговор на прашањето  кои се неговите црвени линии во однос на решавањето на прашањето за името.

Заев во интервјуто како критериум во преговорите за наметнатиот повеќедецениски спор за името ја поставува мултиетничноста.

Заев говорејќи за црвените линиии во спорот за името, вели дека не треба да се дозволи “да ни ги допрат нашите особености како нација, држава, заедно со нашата посебност во однос на културата, мултиетничките разлики“.

-Доколку зборуваме за проблемот и вложуваме напори да најдеме решение , ќе успееме во тоа. Но нашата земја треба да има унифициран став по однос на ова прашање. Ние мора заеднички да ги поставиме црвените линии, а црвените линии не ни требаат само за пред Грција, туку за пристап кон решавање на проблемот, вели Заев.