Скандал: Заев и Црвенковски го молеле Тачи насилно да го срушат Груевски

Лидерот на ДПА Мендух Тачи предизвика вистински земјотрес на Бихаќка. Тачи денеска на прес-конференција во Скопје објави СМС пораки со кои Заев го молел да соработуваат.

На новинарско прашање, дали од него се барало насилно рушење на владата на Груевски, Тачи одговори дека тоа го барале лидерите на СДСМ, Заев и Црвенковски, пишува порталот „Прес24“.

Како што рече Тачи, пораките ги објавил револтиран од написи за неговиот татко на некои од порталите но не наведе на кои. Не сакаше да прецизира што се е барано од него, со образложение дека тоа би било многу ниско, затоа што ако каже се, Заев ќе си имал проблем со неговот семејство и неговите деца.

Во дел од пораките кои Тачи денеска ги објави може да се види дека Заев го молел да се сретнат. Лидерот на СДСМ му пишувал дека има поддршка од меѓународниот фактор.

sms1A sms2A sms3A sms4A sms5A