СКАНДАЛ: Заев повторно издаде државна тајна

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за емисијата „360 степени“ која се емитуваше на Алсат телевизија повторно издаде државна тајна и воедно кажа дека знаел за терористичката група, ама не пријавил до органите на прогонот, пишува „Курир“.

Заев издаде државна тајна со тоа што во јавноста изнесе податоци што ги дознал и за кои се разговарало на Седницата на Советот за безбедност одржана вчера кај претседателот Ѓорге Иванов.

-Но, дел од одговорите беа „истрагата ќе покаже“ и дел ме излажаа. Ме излажаа затоа што прашав „Колку време ја следеле оваа криминална терористичка група“, рекоа 8 месеци.  Јас имам докази дека е една година и 8 месеци, рече Заев.

Опозицискиот лидер во емисијата призна дека во СДСМ имале докази за движење на криминални структури кои си ги примопредале со поранешниот лидер Бранко Црвенковски, признавајќи дека во СДСМ постои паралелна безбедносна служба.

-Ние сме СДСМ, ние сме тие што поседуваат докази и ги споделуваме со јавноста. Следењето на оваа група од септември 2013-та, јас имам докази кај мене, а станав непосредно претседател. Можеби поранешниот претседател на СДСМ имал докази и пред септември 2013-та. Но од септември согласно сите наши безбедносни комисии служби кои постојат во партијата, имаме докази дека година и 8 месеци минимум се следела таа група со сите нејзини активности, вели Заев.

Со ваквиот одговор, Заев го набеди Црвенковски дека и тој имал докази за криминални дејствувања на криминално терористички групи. Заев иако ги знаел овие информации сепак не ги пријавил, односно не ги доставил до органите на прогонот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.