Скандал: Заев во прегратки со луѓето кои дадоа јавна поддршка на трерористите во Куманово

Поддршка за 113 та косовска бригада именувана како Исмет Јашари, на моменти скандирања УЧК, УЧК, знамиња на Голема Албанија и прегратки со Зоран Заев можеа да се забележат на митингот кој препладнево го организираше СДСМ, објави „Курир“.

protest1-500

На една фотографија можеше да се забележи како Албанец држи рамка на која пишува поддршка за 113та косовска бригада именувана како Исмет Јажари. Поддршката за 113 та бригата е всушност поддршка за терористите кои беа разбиени во Куманово, бидејќи тие се членови во најголем дел на оваа расформирана бригада. Практично луѓето со кои што се гушкаше Заев се поддржувачи на терорстите во чија акција за разбивање загинаа 8 македонски полицајци.

protest500

Мухамед Красниќи – командант Малишева кој беше уапсен во Куманово е дел од ОВК, командант во 113 бригада, вклучен во обиди за создавање паравоени структури за Илирида. Сами Укшини – кој исто така беше уапсен е поранешен командант на УЧК и заменик командант на 113 бригада, член на илегални организации во бараат создавање на Голема Албанија, член на паравоени и терористички групи кои имаат иста цел. Близок соработник на Мирсад Ндрецај алијас командант НАТО.

Понатаму на самиот митинг можеа да се забележат и ликови во маици на Голема Албанија и развиорени албански знамиња.

protest2-500

Инаку Зоран Заев една недела по загинувањето на 8 припадници на полицијата дури денес одаде едно минутно молчење. Но затоа веднаш по нејзиното завршување, во понеделникот правеше селфи со Албанците во кумановската Дива Населба и покажуваше два прста симболизирајќи го знакот на УЧК.

zaev-ku

Денес поддржувачите на 113 та бригада на УЧК и  на терористите беа меѓу присутните на митингот на СДСМ.