Скандали се нижат во СЈО: Граѓаните и експертите сметаат дека Јанева и соработниците за неработа земаат огромни плати

Сумите кои ги заработуваат специјалните јавни обвинители и кои се движат, како што сами потврдија на последната прес конференција, од 2.500 до 3.000 евра плус надоместоци, се превисоки сметаат граѓаните.

Велат овие превисоки платите се плаќаат од нивен џеб, а не виделе никакви резултати од нивното работење.

Според граѓаните кои ги анкетираше Канал 5 нелогично е специјалните обвинители да земаат трипати поголеми плати од докторите, кои како што велат секојдневно спасуваат животи.

Еве дел од нивните одговори:

-Јас ако нешто не нацртам и не направам, не и зимам пари на странката.

-Нивната плата премногу е висока спрема работата што ја работат премногу е.

-Не да е превисока, таа не заслужува ни пола денар. Толку има вредност. Со 6,25 просек на факултет таа може да биде само писар.


Дека платите кои ги земаат вработените во СЈО се превисоки се согласуваат и експертите.

-Тука е прашање на морал. Треба малку да водат сметка дека другите граѓани на државата имаат 10 пати помали примања од нив и не би требало тоа што имаат неограничени овластувања да се злоупотребува. Јас не викам дека треба да имаат мали плати, но ова се навистина преголеми плати, вели за Канал 5, Александар Даштевски.

Освен за нивните, државни плати се издвојуваат и за експерти и надворешни лица ангажирани од СЈО. Оттаму на последната прес-конференција обелоденија дека на нивниот платен список се Светомир Шкариќ и Александар Тортевски кои во јавноста гласно ги бранеа ставовите на СЈО и лично негираа соработка со оваа институција.

Уште еден случај кој потврдува дека во СЈО се местат само роднини на функционери на СДСМ и блиски лица до СЈО, е поврзаноста меѓи Шкариќ и Калајџиев. Сопругата на Шкариќ и мајката на Калајџиев кој дивееше со хулиганите од Шарената револуција, биле сестри. Двајцата се советници во СЈО на Катица Јанева.

Но, од СЈО и натаму не откриваат колку и кои експерти се на нивниот платен список и колку се нивните хонорари.