СКАНДАЛОЗНО барање на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не учествува во избори и во кампања

На дело се покажа и излегува на површина нервозата и стравот од пораз на СДСМ. Дознаваме дека за време на разговорите за изборниот законик кој што се одвива меѓу партиите, СДСМ побарала во закон да влезе забрана за политичко агитирање од ВМРО-ДПМНЕ и забрана за појавување на телевизија на функционери на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборната кампања, во спротивно доколку имаат јавни настапи и кампања барањето на СДСМ би значело сите да си дадат оставки од државните функции.

Предлогот на СДСМ преточен во законски норматив бил следен:

”Да се забрани политичко агитирање, т.е. настап во медиумите на лица на јавни функции од таа позиција од денот на распишување на изборите. Од денот на утврдување како кандидат на изборите треба да се пренесуваат само информации за активностите што се нужни за работењето на државните органи, и тоа во имперсонална форма, како соопштенија”, пишува порталот „Курир“, пренесува Нетпрес.

Ова значи дека СДСМ бара закон кој би значел забрана на ВМРО-ДПМНЕ да учествува на избори, само поради тоа што ја има поддршката од граѓаните и има одговорност да управува со државните институции, како и забрана да има политичка изборна кампања. Доколку некој сака да учествува во кампања што е нормален процес и демократско право на секој субјект, истиот треба да си поднесе оставка, според СДСМ.

Практично таквите оставки би значеле целосно замрзнување на институциите, блокирање на процесите и системот, а граѓаните покуси во остварувањето на своите права.

Зад ова стои несомнено стравот од пораз на СДСМ кој излегува на површина, и на секој начин тие се обидуваат преку вакви небулозни решенија да некој им ја надокнади разликата и ниската доверба која ја имаат меѓу граѓаните. Истовремено ваквиот предлог директно се коси со елементарните демократски права.