Скандалозно ДИК забрани присуство на јавноста на сведочењата за изборните неправилности

Државната изборна комисија на седницата во четвртокот на којашто се одлучува за приговорите за изборни нерегуларности во текот на изборниот процес во неделата, одлучи седницата да се затвори за јавноста, односно да се отстранат медиумите, што поттикнува сомневања дека е сторено со цел јавноста да не биде запознаена со евентуалните докази и фактите околу изборните прекршувања сторени од страна на владејачката СДСМ.

Станува збор за преседан и невиден скандал во работата на телото коешто е задолжено за спроведување фер и демократски избори. Напроти ова, ДИК, кога стануваше збор за вонредните парламентарни избори од ланскиот 11-ти декември, како и претходните години, седниците на комисијата беа пренесувани во живо од страна на телевизиите и интернет порталите.

Увидот и присуството на јавноста, односно медиумите, на седниците на ДИК е важен детал, бидејќи граѓаните непосредно имаат увид во работата на изборната комисија која директно одлучува за изборниот процес и гласањето.

Во текот на седницата, инаку, беше видливо дека претседатаелот на ДИК, Александар Чичаковски, како и членовите Виолета Дума и Игор Милев предложени од СДСМ, беа видно нервозни и се обидуваа да релативизираат очевидни докази и факти.

Медиумите, но и граѓаните преку социјалните мрежи веќе подолг временски период објавуваат фото и видео материјали од кои се гледа како е вршен изборен поткуп на гласачи, притисок и уцени врз гласачите. Забележан е бугарски воз во општина Карпош и Охрид, во општина Прилеп гласач кога дошол на избирачкото место виде дека некој веќе гласал место него, полицијата во цел предизборен период е ставена под целосна контрола на СДСМ со цел партиските активисти да вршат поткуп на гласачите, но и низа други нерегуларности.

Бројните докази кои ги објавија медиумите, но и гласините помеѓу граѓаните јасно укажуваат на изборни нерагуларности, изборен фалсификат и поткуп на гласачи. Од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа низа забелешки со докази и аргументи до ДИК, Чичаковски, Дума и Милев соочени со фактите, во видно нервозна состојба ја прекинуваат седницата на ДИК во неколку наврати, а додека трае седницата истите во нервозна состојба се обидуваат да премолчат или заобиколат очевидни работи, докази и факти.

Со ваквиот однос ДИК и Чичаковски како нејзин претседател се ставаат во целосна функција на СДСМ. И затскривање на можен изборен фалсификат.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.