ТОП,Македонија

Скандалозно: Кого лаже Фросина Ременски?

Скандалозно: Кого лаже Фросина Ременски?

Техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски упорно молчи и не дава одговори на јавноста за одбивањето да регистрира над 40 синдикални организации на СОНК.

Во меѓувреме излегуваат нови факти кои потврдуват дека се работи за свесна манипулација од страна на Ташевска Ременски прикриена во соопштението на министерството од 31.3.2016

Случајот на нерегистрирање на синдикалните организации на СОНК за кој синдикатот одржа прес конференција минатата недела добива скандалозни размери. Нашиот портал дојде до докази со кој се потврдува манипулацијата на техничката министерка Ташевска Ременски.

Во пошта барањето е архивирано веднаш кога е  примено односно на 31.03.2016 година
Во пошта барањето е архивирано веднаш кога е примено односно на 31.03.2016 година

Ова се докази со кои се разоткрива лагата на министерството за труд и социјална политика. Ова е антидатиран допис со дата од почеток на март е заверен во архивата на министерството за труд и социјална политика и е доставен до  Централниот Регистар во обид да се прикаже слика дека не е кочена регистрацијата на над 40 синдикални организации на СОНК.

Но, сепак трагата не може да се сокрие и во пошта ова барање е архивирано веднаш кога е  примено односно на 31.03.2016 година, односно истиот ден кога МТСП го праќа по пошта до Централниот регистар а не како што се вели во соопштението на министерството дека истото е сторено на 07.03.2016. Исто така од вториот прилог може да се види дека ова писмо во Централниот регистар е примено на 04.04.2016 што е уште една потврда дека се работи за груб обид за лажење и манипулирање  на јавност .

Писмото во Централниот регистар е примено на 04.04.2016
Писмото во Централниот регистар е примено на 04.04.2016

Ова е невиден преседан. Директно е разоткриената лага на министерството за труд и социјална политика, односно на одговорното лице во него – техничката министерка Фросина Ременски бидеќи дозволила испраќање на демант со лажна и манипулативна содржина.  Ова е уште една потврда за хаосот во ресорот труд и социјална политика кој владее изминатите 5 месеци.

Со овие докази се разобличува замислата да се изманипулира јавноста за случајот кој го објавија медиумите после реакцијата на претседателот на СОНК на прес-конференција на која јавно критикуваше  заради блокирање на регистрација на над 40 синдикални организации повеќе од четири месеци и спречување на синдикалното организирање.

Ременски истиот ден достави демант до медиумите дека обвинувањата се невистинити и дека поднела барање до Централниот регистар на почетокот на март 2016 година. Исто така во медиумите блиски до опозицијата лиферуваше архивирано барање до Централниот регистар со дата 07.03.2016 година која според доказите гои ги објавуваме денес се испостави дека по се изгледа истото е антидатирано.

Со цел  јавноста да ја дознае вистината се обративме  официјалнo so прашања до министерството за труд и социјална политика предводено од техничката министерка Ременски кое до денес воопшто не одговорија на нашите новинарски прашања што е уште една потврда за нетранспарентното работење во ова министерство изминатите пет месеци.  Јавноста има право да ја знае вистината. Обидот да се затскрие вистината за овој случај само придонесе да се разоткрие вистинската слика за начинот на функционирање на техничката министерка и потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз Фросина Ташевска Ременски.