Скандалозно признание на Заев: СДСМ се финансира од „црни пари“ на Заеви

Судењето за Пуч одложено за септември

Скандалозно признание на Заев. СДСМ се финансира од парите на Заеви. Одговарајќи на новинарското прашање за начинот на финансирање на СДСМ, Зоран Заев одговори дека партијата во изминатиов период се финансира од фирмите на Заеви.

Оваа информација, како што пишува денес порталот „Курир“ изречена лично од Заев е скандалозна заради тоа што во годишните извештаи и регистри на донатори на СДСМ никаде не стои дека било која од фирмите на кланот Заеви донирале финансиски средства во партијата, односно не го направиле тоа според законот за финансирање на политичките партии.

СДСМ се финансира од својата чланарина, од парите кои ги добиваме од годишното финансирање согласно закон и фирми многу блиски до Заев, кои секако најмногу спаѓаат фирмите на Заеви, истакна Заев.

Порталот понатаму наведува дека зко изјавата на Заев се земе како вистина, тогаш е јасно дека фирмите на фамилијата на Зоран Заев ја финансирале СДСМ со „црни“ пари кои не биле пријвувани никаде и не биле уредно трансферирани на трансакциската сметка на СДСМ, што самото по себе е кривично дело.

Во продолжение „Курир“ ги објавува јавно достапните документи за финансирање на СДСМ, потпишани од нивниот генерален секретар, каде јасно може да се забележи дека никаде нема ниту една донација од фирмите на кланот Заеви.

SDSM-finansira-1

Инаку, во изминативе години, граѓаните беа сведоци на добивањето на скоро сите тендери во општина Струмица, на нетранспарентен начин, од страна на фирмите на кланот Заеви.

SDSM-finansira-2

Исто така, граѓаните беа сведоци на барањето на митото од 200.000 евра од страна на Зоран Заев од струмички бизнисмен, кој парите треба да ги достави кај братот Вице Заев во менувачницата.

SDSM-finansira-3

Признанието е мега скандал за кој јавноста бара одговор, дали СДСМ се финансира на црн начин од парите на граѓаните кои што кланот Заеви ги добиваат на тендерите од општина Струмица или пак Зоран Заев уште еднаш ги излажа своето членство и јавноста во врска со финансирањето, пишува „Курир“.

SDSM-finansira-4

За крај порталот наведува дека во секој случај ова признание на Зоран Заев е предмет кој треба да биде разгледан од страна на сите надлежни институции.

SDSM-finansira-5

SDSM-finansira-6 SDSM-finansira-7 SDSM-finansira-8 SDSM-finansira-9 SDSM-finansira-10