Скандалозно признание на Заев: СДСМ се финансира со парите од валканите тендери на кланот Заеви

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција призна дека партијата која тој ја предводи се финансира од компаниите од кланот Заеви, пишува Курир.

-СДСМ се финансира од својата чланарина, од парите кои ги добиваме од годишното финансирање согласно закон и фирми многу блиски до Заев, кои секако најмногу спаѓаат фирмите на Заеви, истакна Заев.

Медиумите многупати досега пишуваа за тендерите во Струмица кои ги добивале фирмите од кланот Заеви.

Дел од податоците кои ги објавуваа медиумите, говорат дека речиси 12 милиони евра (или точно 733.898.440 денари) тежеле во 2012 година фирмите што ги поседуваат најблиски роднини и пријатели на лидерот на СДСМ. Се работи за 20 фирми кои гласат на таткото, братот и на чичкото на Заев, потоа на неколку братучеди, зетот, како и на ортакот на Заеви во неколку фирми – Горан Kрстев и неговиот татко.

oktopod

Според податоците објавени во медиумите, ова се фирмите од кланот Заеви кои добивале тендери:

  •          Фирмата ЈАВОР-ТРАНС ДООЕЛ Струмица на Горан Крстев, бизнис партнер на Вице Заев.
  •          Фирмата ЈАВОР-ШПЕД ДООЕЛ увоз-извоз Струмица на Симеон Крстев, татко на Горан Крстев.
  •          Фирмата ТРГОПРОДУКТ ДОО увоз-извоз Струмица на братучедите  Катерина Бојовиќ Заева, Бобан Заев и стрината Убавка Заева.
  •          Фирмата ФРЕНКИ ДОО експорт-импорт Струмица на братучедот Трајче Заев, инаку позната на јавноста по скандалот со затруените корнишони во Хрватска.
  •          Фирмата ЕЛЕНИЦА Струмица на братот Вице Заев и братучедите Трајче Заев и Катерина Бојовиќ Заева.
  •          Фирмата САРА-ЈАВОР ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица на братот Вице Заев и неговиот бизнис партнер Горан Крстев.
  •          Фирмата ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Струмица на братот Вице Заев.
  •          Фирмата ТОТАЛ ЕЛЕКТРИК ДОО увоз-извоз Струмица на братучетката Катерина Бојовиќ Заева, братот Вице Заев и зетот Радиша Бојовиќ Заев.
  •          Фирмата ПЕОН ДОО Струмица на братучетката  Катерина Бојовиќ Заева и стрината Убавка Заева.