Скандалозно: СДСМ излажа за членството на претседателството на Шеќеринска во ПЕС

СДСМ денеска со партиско соопштение ја информираше јавноста дека нивната потпретседателка Радмила Шеќеринска е избрана за член на Претседателството на Партијата на европски социјалисти.

clen

Иако информациите се јавни и објавени на интернет, СДСМ се обиде да ја излаже јавноста за членувањето во Претседателството на ПЕС, бидејќи тие сепак не се полноправна членка во Партијата на европските социјалисти и членуваат само како партија соработник по редовна постапка во Претседателството која нема право на глас, пишува порталот „Курир“.

На официјалниот веб-сајт на ПЕС може да се провери кои политички партии се полноправни членки, а кои партии се членки соработници на ПЕС. Не само што СДСМ не се полноправни членови туку и статутот на Партијата на европските социјалисти (http://www.pes.eu/sites/www.pes.org/files/statutes_adopted_en.pdf – страна 15, 7 поглавје) вели дека секоја политичка партија без разлика дали е полноправен или член соработник, има свој член во Претседателството, вклучително и партиите соработници на ПЕС кои иако имаат свој член, тие немаат право на глас.

print

СДСМ со објавувањето за членството на Радмила Шеќеринска во Претседателството на ПЕС се обидоа со политички маркетинг да ја излажат јавноста, а притоа не напоменувајќи дека станува збор за редовна постапка и дека Шеќеринска станала членка според статутот на ПЕС, кој налага секоја партија член на ПЕС да има претставник во Претседателството и дека нема право на глас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.