вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 3

СКАНДАЛОЗНО: СЈО молчи – дали Заев воопшто ги предаде прислушуваните разговори?

заев

Последни вести

Специјалното јавно обвинителство молчи за тоа што им предаде Заев во шесте картонски кутии на ден пред Нова Година, пишува порталот Пресс 24.

На прашањето на порталот дали Заев ги предал предал сите 600.000 прислушувани разговори за кои на почетокот на минатата година тврдеше дека ги поседува, во Специјалното обвинителство владее молк.

Од таму, се што ни одговорија беше дека примиле 6 картонски кутии и еден хард диск.

„Она што во овој момент можеме да го соопштиме е дека од страна на СДСМ предадени се трнаскрипти од разговори, кои беа сместени во 6 картонски кутии. Воедно доставен е и еден надворешен хард диск. Со оглед на сензитивноста на доставениот материјал, во овој момент нема да бидат соопштени информации за начинот на примањето на материјалите, како и начинот на нивно чување и постапување со истите. За сите натамошни дејствија, како и за одговорите на другите прашања, дополнително ќе бидете известени.“ – стои во одговорот на Специјалното Јавно обвинителство

Но она што денеска ни го соопшти Специјалното јавно обвинителство и не е некоја информација, особено ако се има предвид дека сите можеа да ги забележат активистите на СДСМ како во рацете носат 6 кутии. Она што никој не можеше да го види е колку разговори имаше во тие кутии. Останува без одговор и прашањето дали Заев навистина поседувал 600.000 телефонски разговори и ако ги поседувал, дали и ги предал на Катица Јанева. Ова прашање добива дополнителна тежина ако се знае дека Заев за чување на материјалите побара 1 кубен метар заштитен простор, а во Обвинителството донесе само 6 кутии. Геометриските пресметки велат дека за да се наполни еден кубен метар, на Заев ќе му требаат 60, а не 6 картонски кутии.

Најчитани вести