Скандалозното финансирање на Сорос во Европа се шири по американските медиуми

сорос

Порталот во својата сторија пишува за истрагата на Конгресот по однос на парите кои ги дели УСАИД, како и за мешањето на Џорџ Сорос во Македонија, заедно со амбасадорот Џес Бејли.

-Унгарија не е единствената држава каде што Сорос се обидува да биде „капаче на тенџерето“. Членови на Конгресот добиваат поплаки а по однос на тие поплаки веќе започнаа да истражуваат што тоа либералните „икони“ правеле во Македонија, пишува порталот.

Обвинувањата за мешањето на Џорџ Сорос во европската политика го привлекоа вниманието на Конгресот.

Републиканските конгресмени во Вашингтон започнаа да отвораат прашања за тоа дали американски долари се употребени за да се финансираат проекти на Сорос, во една малечка конзервативна државата Македонија, пишува Хот еар.

„Републиканецот Кристофер Смит ја предводи групата конгресмени кои му напишаа писмо на амбасадорот Џеџ Бејли, кој е назначен од страна на Обама, па преку писмото побараа тој да даде одговори. Сенаторот Мајк Ли, исто така ја изрази својата загриженост за тоа како парите на УСАИД одат во фондацијата на Џорџ Сорос, Отворено општество и за замешаноста на американската амбасада преку заземање на политички страни.“

Жалбите кои доаѓаат од оваа балканска држава се слични на оние кои доаѓаат од Унгарија. Организациите на Сорос се занимаваат со многу повеќе од тоа што го претставуваат како хуманитарна работа, па се замешуваат во политиката, заземаат страни и се обидуваат да ја ослабат конзервативната влада на власта да се преточи кон левицата, пишува порталот.

„Џорџ Сорос со своите пари може да прави што сака, но проблемот настанува кога ќе се употребат долари од даночниот систем на САД, односно пари од џебовите на американците. Неговата Фондација Отворено Општество, добива пари од УСАИД, а со тоа ја замешува и владата на САД во реализацијата на неговите дејствија. Па ако зема пари од данокот кој го плаќаат граѓаните на САД и потоа тие пари ги користи за политички да делува во некоја држава, е тука настанува висинскиот проблем.“

Македонците се прилично вознемирени од неговото мешање во внатрешните работи на нивната земја.

Поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски, вели дека Сорос има одлучувачко влијание во политиката на државата.

Да бе беше Џорџ Сорос и сите милиони кои тој ги истура во Македонија преку неговата мрежа на НВО, медиуми, политичари…економијата на државата би била подобра, ќе имавме многу поголем број на ново отворени работни места, изјави Груевски во неодамнешно интервју, пренесува порталот.

„Поранешниот премиер на Македонија го обвинува Сорос дека ја ослабува локалната економија. Тоа можеби е тешко да се документира на суд, но ваквите изјави на владини претставници мора да се земат во предвид .“-пишува порталот.