Денешен: Скапото хоби на Заев – 100.000 евра за четири играчки

Скапото хоби на Заев – 100.000 евра за четири играчки. Ова е насловот на текстот што го објави порталот Денешен.мк, откако на второто меѓународно рели со теренски возила и автомобили кое се одржа во Струмица и чиј покровител е токму општината со која раководи Заев, градоначалникот на Струмица Зоран Заев не ја пропушти приликата да се слика со една од своите скапи играчки.

Порталот Денешен.мк. анализира дека ако се има во предвид дека најскапите вакви четирицикли чинат и до 200.000 евра, а претседателот на СДСМ во склад со својата политичка платформа веројатно има набавено вакво возило кое и’ одговара на средна класа, претпоставките одат дотаму дека скапата играчка со која позираше Заев викендов чини меѓу 22 и 25 илјади евра.

Денешен: Скапото хоби на Заев – 100.000 евра за четири играчки
Денешен: Скапото хоби на Заев – 100.000 евра за четири играчки

Во Струмица е јавна тајна дека Заев има четири вакви возила, со што лидерот на СДСМ кој пропагира враќање на средната класа само на четирицикли има потрошено минимум 100.000 евра, без дополнителната опрема која се вградува на ваквите возила, пишува Денешен.

Инаку во јавноста веќе е познато дека Заев кој е пасиониран вљубеник во екстремните спортови на 2 и 4 тркала во 2009-та година го скрши десното рамо искачувајќи се на Беласица на својот „Хонда“ мотор. Станува збор за уште една скапа играчка од хоби-гаражата на Зоран Заев со минимална цена од 10-тина илјади евра.

Денешен: Скапото хоби на Заев – 100.000 евра за четири играчки
Денешен: Скапото хоби на Заев – 100.000 евра за четири играчки

Чаршиските шеги низ Струмица одат и дотаму што се поставуваат прашањата дали ваквите возила од возниот парк на Кланот Заеви на претседателот на СДСМ му служат за незабележливо преминување на македонско-грчката граница кога излегува од улогата на средна класа и се луксузира во својата куќа на море или можеби дури и за бегање од државата доколку и неговата последна надеж, Катица Јанева, не се сложи со неговата приказна дека е политичка жртва, туку политички насилник и корумпиран градоначалник, пишува порталот.

Денешен: Скапото хоби на Заев – 100.000 евра за четири играчки
Денешен: Скапото хоби на Заев – 100.000 евра за четири играчки

Инаку, она што е уште повпечатливо е дека ниту четирициклите, ниту моторот „Хонда“ за кој Заев призна дека го чува и покрај купувањето на побезбедните возила на повеќе тркала, не се пријавени во имотниот лист на претседателот на СДСМ.

Сепак останува отворена можноста овие скапи играчки да се на име на друго лице од фамилијата или на име на некоја од огромниот број на фирми кои Заеви ги поседуваат и кои одлично поминуваат на тендерите во општина Струмица.