Скарамучи со простачки речник ги нападна колегите во Белата куќа

© EPA/MICHAEL REYNOLDS

Отворена војна избувна во најтесниот круг на луѓето на американскиот претседател Доналд Трамп откако неговиот нов директор за комуникации во Белата куќа, Ентони Скарамучи, со крајно непристоен вокабулар се нафрлил врз колегите, пренесуваат во петокот Доналд Трамп.

Новинарот на весникот The New Yorker, Рајан Лица, изјави дека Ентони Скарамучи телефонски му се јавил во средата вечерта за да го дозна изворот на истекувањето на информациите од Белата куќа и откако не добил одговор се нафрлил врз друите високо позиционирани соработници.

Според тексот во The New York Times, пак, по телефонски разговор меши Скарамучи и негов новинар, вториот со простачки речник го нападнал шефот на кабинетот на Белата куќа, Ринс Прибас и Стив Банон, главниот стратег на претседателот Доналд Трамп.

Пораншениот финансиер од Волстрит, именуван за диркетор за комуникаии на Белата куќа минатиот петок, го нарекол Прибас „е..н параноиден шизофреник“ и, според Лица, рекол дека наскоро ќе биде разрешен, а Банон го обвинил дека своето име се обидува да го издигне на „е..ната моќ на претседателот“.

Во пораката објавена на Twitter откако написот се појави во онлајн изданието на NYT, Скарамучи напиша дека „понекогаш користи специфичен речник“

„Во оваа арена ќе се воздржам (од такви зборови), но нема да се откажам од страсната борба за вистинската агенда на Доналд Трамп“, порачува Скарамучи во споменатата порака.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, за новинарите кажала дека Скарамучи понекогаш користи горопаден речник, но не очекува дека тоа и во иднина ќе го прави. „Што се однесува до извинувањето, тоа треба да се случи меѓу нив лично“, додала Сандерс, пренесеува Reuters.

Трамп засега јавно не го коментираше испадот на својот помошник. Некои од неговите советници претходно веќе ја доведоа во прашање стручноста на Прибас и неговата позиција во овој момент се чини разнишана.

Скарамучи, кого наводно Прибас не сакал да го види во Белата куќа, изразил сомневање дека токму Прибас стои зад истекувањето на информациите за неговата вечера со Трамп во средата, и тогаш го нарекол „параноик“. Тврди и дека, за разлика од Банон, тој самиот „не копнее по медиумско внимание“.

Претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан, во четвртокот застана во одбрана на Прибас и рече дека „Ринс работи фантастична работа во Белата куќа“. Овие двајца републиканци доаѓаат од сојузната држава Висконсин и се многу блиски.

Прибас и Банон досега не се огласија во врска со изјавите на Скарамучи на нивна сметка. Именувањето на Скарамучи веќе беше причина за оставката на секретарот на Трамп за медиумите, Шон Спајсер, кој не се согласуваше со неговото именување.