Скелет стар 2000 години пронајден во потонат брод

Скелетот е пронајден на 31. август, а ако од него се одреди ДНК, ќе се дознае и идентитетот на личноста.

Изненадува сочуваноста на коските, кои вклучуваат дел од черепот, две коски од рацете, неколку ребра и две коски од колкот. Можно е да се открие тајната на овој трговски брод од првиот век п.н.е. кој најверојатно потонал за време на олуја во близина на грчкиот остров Антикитер. Грчката влада треба да одобри за тестирањето на ДНК.

Тој скелет е ретко откритие бидејќи телата на жртвите од бродоломите најчесто залутуваат во водите или стануваат храна за рибите што значи ретко преживуваат децении, а не пак векови.

„Не личи како коските да се стари 2000 години“, вели Брендон Фоли, подводен археолог од институтот Вудшол од Масачусетс кој учествувал во ископувањето на скелетот.

„До сега не сме виделе ништо слично на ова“, додава тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.