Скелото го напушти Палермо

Скелото го напушти Палермо
Скелото го напушти Палермо
Аргентинскиот фудбалски тренер Гилермо Барош Скелото го напушти Палермо по само еден месец, бидејќи не ја обезбеди потребната документација за дозвола неопходна да го води тимот, пренесува „Скај Италија“.

Скелото требаше да ја чека дозволата околу една година, поради што го информираше претседателот Маурисио Ѕампарини дека се повлекува од тренерското место со објаснување дека не може да работи ако не биде на клупата крај теренот.

Додека не се најде негова замена, тимот привремено ќе го предводи тренерот на младинците Џовани Боси.

Палермо се наоѓа на 15.место на табелата во Серија А со 26 освоени бодови