Шкендија побегна на врвот со голема разлика

Актуелниот фудбалски шампион Вардар по поразот од 0:2 од Шкупи на Чаир во рамките во 18-то коло од домашниот шампионат во неделата заостанува во моментов големи 14 бодови зад лидерот Шкендија која има два натпревара повеќе.

Последното есенско клоло донесе рутинска победа на Шкендија над Пелистер и пораз на Вардар од Шкупи, чии фудбалери со два фантастични гола го урнаа шампионот.
По вавкиот расплет на денешните мечеви, речиси невозможна мисија ќе биде настојувањето на Вардар да ја обдрани титулата. Шкендија ќе има најмалку осум бодови предност пред почетокот на пролетниот дел и доколку Вардар победи на заостанатите два меча на 10-ти и 13-ти декември со Академија Пандев и со Работнички.

Мухарем Бајрами и Кристијан Стојкоски со два еврогола го решија Вардар на Чаир, каде што теренот поради обилните дождови изминатите денови беше најголемиот непријател на играчите.

Работнички без напор со 3:0 го совлада Скопје, а Силекс троиумфираше во Струмица и со гол на Милош Ѓорѓевиќ стигна до голем триумф за трето место против Академија Пандев. Победа и Ренова на Могила ремизираа 1:1, каде што фудбалерите, исто така, се справуваа со вировите вода на теренот.

 

РЕЗУЛТАТИ од 18-то коло

Шкупи – Вардар 2:0 (0:0), стрелци Бајрами 63, Стојкоски 86;

Академија П. – Силекс 0:1 (0:1), Ѓорѓевиќ 15;

Победа – Ренова 1:1 (0:0), Најдоски 73 – Нафиу 80 од пенал;

Работнички – Скопје 3:0 (0:0), Трајчевски 49, Серџо 83 и 90;

Шкендија – Пелистер 3:0 (0:0), Ибраими 49, Хасани 68 од пенал и Зејнулаи 90.

 

ТАБЕЛА

Шкендија 46, Вардар 32 (-2), Силекс 31, А. Пандев 25 (-1), Работнички 23 (-1), Шкупи 23, Победа 19, Ренова 18, Пелистер 16, Скопје 10 бодови.