четврток, 17 август 2017  |  Вести денес: 47

Шкендија подобра од Вардар, Работнички и Ренова ги поделија бодовите

shkendija

Поврзани вести

Екипата на Шкендија се покажа поподготвена на натпреварот кој во Тетово го одигра против актуелниот шампион на Македонија, Вардар во првото коло од домашниот шампионат.

Фудбалерите на Ќатип Османи ја контролираа играта во текот на целиот натпревар и беа подобар противни со што може да се каже дека заслужено славеа на овој натпревар.

Во првиот дел резултатот беше 0:0, но мрежата на вардарци не се тресеше најмногу благодарение на одличниот Гачевски кој имаше неколку одлични интервенции.

Шкендија поведе во вториот дел во 61 минута со феноменалниот гол на Алими од околу 25 метри. Само пет минути подоцна Стенио Жуниор стрелаше за 2:0. На крајот ова беше и конечниот резултат на средбата.

Екипите на Работнички и Ренова на стадионот во Ѓорче Петров одиграа здодевно реми без погодоци. Двата тимови повеќе мислеа на одбраната и во текот на целиот натпревар немаше речиси ниту една посериозна прилика за гол.

Најчитани вести