Шкендија во Хелсинки ќе патува со солидна предност, Работнички во Минск почнува од нула

Екипата на Шкендија направо голем чекор кон пласманот во третото квалификациско коло во Лига Европа, откако во Струмица, го победи Хелсинки со 3:1, додека Работнички одигра 1:1 против Динамо Минск во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лига Европа.

Шкендија со пресврт хет-тиркот на Бесар Ибраими успеа да оствари предност која и гарантира мирен реванш во Финска.

Хелсинки го отвори резултатот во 35 минута преку Усман Јалоу, кој ја искористи бавната реакција на дефанзивците на Шкендија. Шкендија израмни во последната минута со голот на Ибраими, кој од пенал го совлада финскиот голман. Во второто полувреме Ибраими постигна уште два гола во 59 и 64 минута, со кои ги постави конечните 3:1.

Реваншот во Хелсинки ќе се одигра наредниот четврток.

Работнички, пак, одигра 1:1 против Динамо Минск. Скопските „Романтичари“ пред реваншот имаат активен резултат, благодарение на голот кој од пенал го постигна Најденов во 90 минута.

Работнички не успеа да го оствари првичниот план и без примен гол да патува во Минск на реваншот против Динамо, но со играч помалку успеа да се спаси од пораз против белорускиот тим. Белорусите во најголемиот дел од натпреварот ја контролираа играта, иако Работнички прв се закани упте во втората минута преку Сахити.

Белорусите го отворија резултатот во раната фаза од второто полувреме, во 53 минута кога Квашчински со глава го совлада Шишковски. Потоа играчите на Динамо се повлекоа има препуштија играата на домаќините, но Работнички тешко стигнуваше до голот на Климович. На десет минути пред крајот Работнички остана со играч помалку поради црвениот картон кој го доби Емир Сахити. Но и со играч помалку Работнички не се откажа и успеа да израмни во последната минута од пенал. Кадриу по еден контакт со Кузменок заврши на тревата, а ирскиот судија досуди пенал.

Реваншот по кој ќе биде познат патникот во третото квалификациско коло ќе се одигра во Минска наредниот четврток.