Скоцкани за една минута:Претворете го дневниот во вечерен изглед

За дневниот изглед да го претворете во вечерен и за да се чувствувате добро на after work забавите, не мора да го менувате целосниот аутфит.

Може да бидете готови за една минута, а за трасормацијата ќе ви бидат потребни само класични парчиња и чанта.

Однесете ја потребната облека со вас на работа, следете ги следниве пет чекори и за момент ќе бидете спремни за забава.

Рамните чевли заменете ги со висока потпетица.

Сакото заменете го со кожена јакна или некоја друга јакна со впечатлив материјал или детаљ.

Додадете бои. Ставете црвен кармин или некоја друга впечатлива боја. Карминот искористете го и како руменило – нанесете на образите и размачкајте.

Направете smokey eye изглед без сенки. Употребете црно моливче и со сунѓерче размачкајте го по целите капаци.

Пуштете ја косата. За да и го вратите волуменот на песната, измасирајте го темето со прстите со кружни движена. Овде може да помогне и шампонот за суво прење на коса кој се нанесува на коренот и на косата и дава волумен и свеж мирис.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.