Магазин

Скок со падобран и нуркање меѓу ајкули за прослава на 100-от роденден

Скок со падобран и нуркање меѓу ајкули за прослава на 100-от роденден

Јужноафриканката Џорџина Харвуд за прослава на својот стоти роденден решила да скока со падобран и да нурка меѓу крволочни ајкули.

Харвуд прикачена за друг падобранец вчера сокона од авион над северниот дел над Кејп Таун. При овој скок на „тепераментната бабичка“ и се приклучиja 15 членови на нејзиното семејство и пријатели, кои скокaа во групи по тројца.

Инаку, ова е трет скок со падобран на Хравуд, откако првпат скокнала во 2007 година на 92-годишна возраст.

baba1

Но, очигледно скокот со падобран не и поттикнал доволно адреналин, па Харвуд утре ќе нурка меѓу ајкули.

Превидено е Харвид во метален кафез да биде спуштена на локација во океанот каде се хранат ајкули.