Сколари: Бразил има обврска да ја освои светската титула

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Луис Филипе Сколари е свесен дека домаќинот на престојниот Мундијал во Бразил има обврска да ја освои светската титула и дека само така може да им се одолжи на најверните фанови.
“Секогаш кога Бразил игра на едно светско првенство, луѓето имаат такво очекување, Бразил да биде крунисан за нов светски шампион. Не, ние не чуствуваме некој екстра притисок. Така функционираат најверните фанови, така функционираат репрезентативците на Бразил. Колку побрзо се соочат со тој факт, толку ќе ни биде полесна работата. Знам дека постојано се коментира целата организација, изградбата на стадионите. Знам дека не се среќни фановите на Бразил. Ќе ја вратиме насмевката на нивните лица само ако ја освоиме светската титула. Фудбалската игра во Бразил е религија и тој притисок кој го чуствуваме е добар за моите фудбалери. Постојано се потцетуваме каква е нашата цел и не смееме да заборавиме во ниту еден момент”, изјави Сколари.