Сколари дозволи секс без акробации

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Луис Филипе Сколари, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека ќе им дозволи на своите фудбалери само нормален секс за време на Светското првенство кое стартува на 12 јуни.

„Репрезентативците на Бразил ќе добијат дозвола за секс, но само нормален секс. Јас не им дозволувам некакви акробации. Ако сексот е нормален, тогаш е нормален. Се што е нормално ќе им биде дозволено, нормални пози, нормален однос, нормални манири. Без акробации, без некој ненормални позии. Не сакам некој фудбалер да се повреди поради некоја глупост, поради скокање во височина”, изјави предводникот на популарните „кариоки”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.