Спорт

Сколари ќе бара политички азил во Кувајт

Сколари ќе бара политички азил во Кувајт

Контроверзниот селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, Луис Филипе Сколари вети ќе побегне во Кувајт и дека ќе побара политички азил доколку неговите фудбалери не ја освојат светската титула на престојниот Мундија.

„Ако не ја освоиме светската титула, тука, во Бразил, пред верните фанови, јас веднаш ќе побегнам во Кувајт и ќе побарам политички азил. Секогаш ги почитувам моите противници, но ние сме подготвени, го имаме тоа што е потребно за славиме на престојниот Мундија“, изјави Сколари.

Репрезентацијата на Бразил ќе го одигра првиот официјален натпревар на 12 јуни, а прв противник на популарните „кариоки“ е селекцијата на Хрватска.

Освен овие две репрезентации, во групата “А” се натпреваруваат и селекциите на Мексико и Камерун.