Сколари мува не го лази

Иако важи за најголем виновник кога е во прашање срамниот пораз од Германија во полуфиналната рунда, актуелниот селектор на Бразил, Луис Филипе Сколари потврди дека нема да пондесе оставка на крајот од јубилејното 20. Светско првенство.

“Знам што се случи, чувството на срам нема никогаш да ме напушти, но животот оди понатаму. Играчите и понтаму се победници, нашите животи не се исполнети само со порази. Заеднички победувавме, заедно изгубивме, никој нема да умре поради ова. Ако се анализираат постигнатите резултати под мое водство, лесно ќе се дојде до заклучок дека имам совршен скор, Бразил има само неколку порази, тука ќе го вбројам и срамниот пораз од Германија. Јас нема да поднесам оставка, но мојата иднина во селекторската фотеља зависи од конечната одлука на раководните лица во Фудбалската федерација на Бразил”, изјави Сколари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.