Сколари: Неимар го тепаат како што го тепаа Роналдо

Селекторот на Бразил, Луис Филипе Сколари откри дека најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Бразил, Неимар има ист третман од противничките дефанзивци каков што има најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо.

“Веќе сум бил сведок на една ваква ситуација. Во 2004 година, за време на Европското првенство јас бев селектор на Португалија. Мојот најдобар фудбалер, Кристијано Роналдо постојано беше фаулиран од противничките дефанзивци. Постојано имаше еден фудбалер кој го чуваше во сите 90 минути. Добро се сеќавам на полуфиналниот дуел против селекцијата на Холандија. После само пет одиграни минути, Роналдо беше жртва на еден брутален прекршок. Морав да го заменам на стартот од второто полувреме, чуствуваше силна болка. Сега Неимар има таков третман од противничките фудбалери. После секој натпревар се жали на силна болка во двете нозе. Тоа што му се случи на Роналдо, му се случи и на Неимар но на дуелот против селекцијата на Чиле. Груб фаул во 5 минута”, изјави Сколари.