Сколари посака елиминација на Челзи

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Луис Филипе Сколари откри дека сака неговиот поранешен клуб, лондонскиот премиерлигаш Челзи да биде елиминиран во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони.

“За нас, а со тоа мислам на репрезентацијата на Бразил, подобро е Атлетико Мадрид да го елиминира Челзи во полуфиналната рунда од Лигата на шампионите. Во тој случај, јас ќе располагам со четири фудбалери кои ќе бидат максимално одморени. Јас имам неколку лидери во репрезентацијата. Најмногу им верувам на Давид Луиз, Жулио Цезар и на Фред. Тројцата веќе ја добија поканата за настап на престојниот Мундијал. Немам многу дилеми кога е во прашање листата со фудбалери, но ќе почекам да завршат сите фудбалски првенства во Европа. Можно е да имам некој проблем во последен момент, како што имав со дефанзивецот на Наполи, Хенрике кој имаше сообраќајна несреќа пред неколку дена. Ниту Карлос Алберто Переира, Флавио Муртоса или претседателот на Фудбалската федерација на Бразил не знаат кои фудбалери се во мојот список. Нема да има многу изненадувања. Новинарите сигурно ќе погодат 22 од 23 фудбалери”, изјави Сколари.