Сколари посака финале Бразил – Аргентина

Луис Филипе Сколари, селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, откри дека сака најголемиот ривал на „кариоките”, селекцијата на Агентина, да биде противник на неговиот тим во финалниот натпревар на престојниот Мундијал кој старува на 12 јуни. 

„Не, се сум загрижен, не ме загрижува репрезентацијата на Аргентина. Се надевам дека Бразил и Аргентина ќе обезбедат пласман во финалниот натпревар. Сакам финале помеѓу две репрезентации од Јужна Америка. Сакам финале помеѓу фудбалери на кои заштитен знак име е техничкиот квалитет. Не сакам Аргентина да не ја помине групната фаза или да биде елиминирана во 1/8 финалната рунда. Сакам Аргентина да одигра најдобро што може. Јас нема да бидам виновен за нивната елиминација, јас имам свој проблем, а тоа е репрезентацијата на Бразил. Јас имам обврска со мојот тим да обезбедам пласман во финалниот натпревар, да ја елиминирам секоја репрезентација која ќе застане на нашиот пат”, изјави Сколари.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.