Сколари призна дека виси на конец

Селекторот на Бразил, Луис Филипе Сколари откри дека веднаш откако ќе заврши Мундијалот, ќе има состанок со челниците во Фудбалската федерација на Бразил кои ќе одлучат дали селекторската функција и понатаму ќе остане во негова сопственост или ќе му биде понудена на некој друг бразилски стручњак.

“Откако ќе зврши Мундијалот во Бразил, јас и моите соработници ќе имаме состанок со челниците во Фудбалската федерација на Бразил. Ќе направиме презентација, ќе разговараме и за доброто и за лошото. Ништо не е во моите раце, мојата иднина заврши од челниците на ФФБ. Не можам да кажам дека имавме лош турнир, дека постигнатиот резултат е многу лош. Точно дека доживеавме катастрофален пораз од Германија, но на таа тема ќе разговараме после финалниот натпревар. Имавме големи проблеми во текот на целото првенство, но на крајот обезбедивме пласман во полуфиналната рунда. Работевме напорно, победувавме како тим и губевме како тим. Убеден сум дека оваа група на фудбалери ќе постигне одличен резултат на следниот Мундијал во Русија”, изјави Сколари.