Сколари: Сите ми се смееја за Чиле

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Луис Филипе Сколари ги потцети сите тие кои пред шест месеци му се смееа на изјавата дека најголема опасност за домаќинот на најважниот спортски настан во 2014 година е репрезентацијата на Чиле.

Овие две репрезетации утре ќе го одиграат првиот 1/8 финален натпревар, но за фудбалските стручњаци, репрезентацијата на Бразил важи за голем фаворит во оваа јужноамериканска пресметка.

“Кога пред шест месеци кажав дека најголемата опасност ќе биде Чиле, луѓето ми се смееја. Уште тогаш знаев со што се располага Чиле. Сега сите тоа го гледаат. Да бидам искрен малку ми е страв од таа средба, но се надевам дека Чиле нема да избори пласман во осминафиналето“, изјави предводникот на “кариоките”.