Сколари убеден дека Бразил може и без Неимар

Селекторот на Бразил, Луис Филипе Сколари се обиде да ги охрабри репрезентативците и најверните фанови со изјавата дека неговиот тим може да слави во денешниот полуфинален дуел против селекцијата на Германија иако на располагање ќе ги нема услугите на најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Бразил, Неимар.

“Нејмар е еден од нашите најдобри играчи, тој ја прави разликата во секој тим, па дури и во Барселона. Изгубивме нешто што не сакавме, но верувам во нашиот тим и мирен сум. Се уште имаме потенцијал да го освоиме овој турнир”, изјави предводникот на “кариоките.

Првиот полуфинален дуел на јубилејното 20. Светско првенство, пресметката помеѓу репрезентациите на Германија и Бразил се игра денеска во Бело Хоризонте со почеток во 22:00 часот.