Сколс: Крос мора да биде првото засилување на Ван Гал

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс јавно го посоветува новиот менаџер на “црвените ѓаволи”, холандскиот стручњак, Луи ван Гал, дека стандардниот првотимец во дресот на германскиот гигант Баерн Минхен, Тони Крос мора да биде прва летна аквизиција на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига.

“Тони Крос мора да биде првото засилување кое ќе биде ангажирано од новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал. Станува збор за фудбалер од светска класа, идеално заслување за средниот ред, но Јунајтед има потреба од пет, шест квалитетни засилувања. Само така Манчестер може да биде некаква конкуренција на најголемите ривали, само така ќе биде во игра за шампионската титула”, изјави Сколс.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.