Сколс: Суарез е срам за Уругвај и за семејството

И поранешниот репрезентативец на Англија и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс јавно го критикуваше репрезентативецот на Уругвај, Луис Суарез, кој повторно, по трет пат во својата кариера без причина грзина противнички фудбалер, во овој случај, репрезентативецот на Италија, Џорџо Киелини.

“Луис Суарез беше казнет со десет меча кога го гризна Бранислав Ивановиќ. Како што изгледа тоа не беше доволно. Сега го гризна и Џорџо Кјелини. Го посрамоти клубот, земјата и семејството. Забраната за играње до крајот на Светското првенство нема да биде доволна”, изјави Сколс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.