Македонија,Крими хроника

Скопјанец се опивал и ја тепал својата мајка

Скопјанец се опивал и ја тепал својата мајка
Скопјанец се опивал и ја тепал својата мајка

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Н.Т.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Телесна повреда при вршење семејно насилство“.

Од страна на Судија на претходна постапка, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Кривичното дело пријавениот го извршил во два наврати, на 16 и 17 овој месец во неговиот семеен дом во село Визбегово-Скопје.

Под дејство на алкохол, Н.Т. со употреба на физичка сила ја удирал неговата мајка по главата и телото, упатувајќи и притоа навредливи и погрдни зборови.