Скопјанец барал од девојче да се слика гола

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал, поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против И.Ц.(18) од Скопје, поради основи на сомнение дека во временскиот период јули-август 2016 година користејќи ја социјалната мрежа „Фејсбук“, на 12-годишно девојче од Скопје во повеќе наврати и’ прикажал фотографии со порнографска содржина.

За кривичното дело „прикажување порнографски материјал на дете“, предвидено и казниво по член 193, од страна на Судија на претходна постапка на сега пријавениот му е одземена патната исправа, забрането му е да го напушта домот во кој живее и задолжително еднаш во неделата да се пријавува во надлежен Суд.

Имено, И.Ц. на социјалната мрежа „Фејсбук“ креирал профил со лажни податоци и лажно име и на 28/07/2016 година испратил понуда за пријателство на 12-годишно девојче од Скопје, кое ја прифатило понудата и започнало електронска комуникација со пријавениот.  Во  комуникацијата И.Ц.  и’ кажал дека има 16 години и дека учи во гимназија и дека профилот од кој и’ го испратил барањето за пријателство, ќе го исклучи, а ќе и’ прати барање за пријателство од нов профил, кој исто така бил со лажни податоци. Откако, девојчето го прифатила пријатеството испратено од новиот профил на пријавениот, истиот и’ пуштил фотографија со порнографска содржина и побарал од девојчето да му пушти слика на која ќе биде сликана гола. По ова девојчето ја прекинало комуникацијата со И.Ц., при што истиот во уште два наврати и пуштил фотографии со порнографска содржина,  за што девојчето му кажало на својот татко, кој случајот го пријавил во Единицата за економски и компјутерски криминал.

По пријавувањето на кривично правниот настан Единицата за економски и компјутерски криминал, превзеде опсежни оперативно тактички мерки за утврдување на идентитет на лицето со Фејсбук-профили, при што е утврден пријавениот и истиот е лишен од слобода, а од домот му е одземен  еден пренослив компјутер, еден десктоп компјутер и друга ИТ опрема кои се предадени на вештачење. Во извршениот разговор со И.Ц., тој изјавил дека одземената опрема од неговиот дом е користена само од него и ја потврдил елктронската комуникација со 12-годишното девојче, во која прикажувал материјали со порнографска содржина.