Скопјанец баран со потерница им избегал на полицајци при апсење

Педесетгодишен скопјанец, по кого била распишана потерница, ноќеска околу полноќ успеал да им избега на полицајци кои се обиделе да го приведат, на граниниот премин „Долно Блаце“.

На 30 ноември околу половина час по полноќ, на Граничен премин „Долно Блаце“, на пасошка контрола се пријавило патничко возило „Ландровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А. (50) од Сингелиќ-Скопје. При проверка, било констатирано дека лицето се наоѓа на листата со мерка „Апси“. Од страна на полициски службеници, на лицето му било кажано да се паркира со возилото, но тој со големена брзина се упатил кон Скопје без да застане на царинска контрола. Притоа, ја оштетил рампата, а документите од возилото и личната карта ги оставил кај полицискиот службеник. Во 02.10 часот, во шума во близина на гробиштата на место викано „Вражји вир“, било пронајдено паркирано возилото кое го управувал Н.А. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот, се вели во информацијата на МВР.