Скопјанец доби триесетдневен притвор поради полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Битола започна истражна постапка против лице од скопско за сторен полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Осомничениот делото го сторил во февруари годинава во Битола, кога престојувајќи во истиот стан со детето извршил полово дејствие врз оштетената – малолетник, кој не наполнил 14 години.

Казната за ова дело е затвор во времетраење од најмалку осум години.

– Ценејќи дека се исполнети законските основи јавниот обвинител до судијата на предходна постапка од Основниот суд Битола достави Предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Судијата на предходна постапка го прифати предлогот, па со решение определи притвор за осомничениот во траење од 30 дена, се неведува во соопштението од  Основното јавно обвинителство Битола.