Скопјанец се здобил со три убодни рани од нож и фрактура на рака, откако во неелата ноќта бил нападнат од неговиот брат во нивниот дом.
Повредениот не е во животна опасност, а според Министерството за внатрешни работи, синоќа во 22,42 часот од Градската општа болница „8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив е донесено повредено лицето коешто е идентификувано како 35-годишниот М.Ц. до скопското село Визбегово, со три убодни рани од нож и фрактура на рака.
Осомничен за нападот е братот на повредениот, а се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.