Крими хроника

Скопјанец го загубил животот во пожар

Скопјанец го загубил животот во пожар

Утрово околу 03.00 часот од страна на ЕИК-Скопје, полицијата била известена дека додека БППЗ се обидувале да изгаснат опожарена куќа во село Бразда добиле информација дека постои можност внатре да има лице настрадано од пожарот.

Околу 04.00 часот, пожарот е изгаснат. Опожарена е целосно кровната конструкција и вториот спрат од куќата.

При извршената проверка на куќата пронајдено е безживотно тело за кое се претпоставува дека е лице на возраст од 46 години од Скопје, кој долги години живеел сам во куќата.  Се врши увид на местото на настанот.