Скопјанец им подлегна на повредите со кои се здоби во сообраќајна несреќа кај Тетово

Триесетишест годишниот Ј.Д. од Скопје синоќа околу 23.50 часот во Ургентниот центар им подлегна на повредите со кои се здоби во сообраќајната несреќа што во четвртокот околу три часот по полноќ се случи на регионалниот пат Тетово-Групчин спроти бензинската пумпа „Петрол-компани“ .

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, во несреќата, патничкото возило „БМВ“ со скопски регистерски таблички, во кое биле Ј.Д. и З.И. (44) од Скопје, загубило контрола, излетало од патот, неколку пати се превртело и завршило во блиската нива.

Двајцата скопјани со сериозни повреди веднаш биле пренесени во тетовската клиничка болница од каде по укажаната лекарска помош биле препратени на клиниките во Скопје каде Ј.Д. ноќеска починал додека З.И. се уште се наоѓа на болничко лекување.

Согласно полицискиот увид, причина за сообраќајната несреќа била неприлагодена брзина според условите на патот. Вкупната материјална штета била проценета на околу 300.000 денари.