Македонија,Крими хроника

Скопјанец избоден со нож кај „Сити Mол“

Скопјанец избоден со нож кај „Сити Mол“

Скопјанец бил избоден со нож во сообраќајна караница вечерва во скопската населба Карпош 4.

Тој со неколку исекотини по телото и по главата бил однесен од случајни минувачи во болница, каде бил хоспитализиран во одделението за интензивна нега.

Според првичните неофицијални информации, нападантиот 23-годишник бил во возило со својот 19-годишен брат. Движејќи се по споредна еднонасочна улица, во близина на улицата Љубљанска кај „Сити Мол“, од спротивен правец наишло друго возило, во кое биле две засега непознати лица. Нема информации кое од двете возило се движело непрописно по еднонасочната улица. Но, настанала расправија меѓу возачите. Двете непознати лица излегле од своето возило и физичко го нападнале момчето. Едниот имал нож во рацете и му ги нанел повредите, по што влегле во својот автомобил и побегнале.

Полицијата го потврди инцидентот и соопшти дека трага по напаѓачите.